Заев: Има големи шанси за заеднички кандидат на претседателските избори
„Не е невозможно може да се стигне до подршка за едно име без разлика дали е жена или маж зад кој би застанале сите граѓани, но секако одлуките ќе се носат врз имињата, врз личностите, кои согласно со анализите ќе дадат добар аргумент за завземање на став, прво концепциски, дали се застанува зад заеднички кандидат, а после тоа секако и другите алтернативи “, рече Заев
Касами посочи дека им се дадени неколку опции за можен консензуален претседателски кандидат, кои ќе ги разгледаат, па потоа ќе донесат одлука. Според Касами, на партијата важен и е пристапот, но најважен им е човекот кој ќе биде назначен на претседателската функција. Касами порача дека очекуваат консензуалниот претседателски кандидат да биде претседател на сите граѓани без да ги подели граѓани по етнички заедници, односно за едните да биде мајка за другите маќеа.