Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

13 починати по излетувањето на автобусот во провалија кај Карпалак

Тринаесет патници загинале, а над 25 се повредени откако автобус со 50-ина патници денеска попладне излетал на патот Скопје - Тетово и се превртел во провалија кај селото Ласкарци, во близина на Карпалак.


Бројот на загинати и повредени вечерва го потврди и министерот за здравство Венко Филипче. Според него, седуммина настрадале на лице место, а другите починале на клиниките по неуспешните обиди да бидат реанимирани и спасени. Во скопската болница 8-ми Септември биле однесени 25 патници, а на скопските клиники петмина повредени.


„Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани, 4 се на интензивна нега, двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во ургентниот центар се примени пет пациенти, тројца се полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба“, изјави министерот Филипче од Градската општа болница „8 Септември“.


Една пациентка била згрижена во старата скопска Градска болница.


Министерството за здравство соопшти дека има доволно крв за настраданите во сообраќајната несреќа, и дека ако има потреба ќе ги повика доброволните дарители на крв да помогнат.


Во спасувањето на патниците учествувале голем број пожарникарски и медицински екипи, а на самото весто веднаш по несеќата биле упатени сите амбулантни возила на Здравствен дом Скопје и на приватните скопски болници Систина и Неуромедика.


Министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека полицијата разговарала со возачот на автобусот и дека јавен обвинител излегол за увид на местото на несреќата. 


Според објавата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на неговиот профил на Фејсбук, најголем дел од патниците во автобусот биле од Гостивар.


Според очевидци, до несреќата дошло кога на автобусот му пукнала гума, поради што возачот изгубил контрола, преминал на спротивната коловозна лента каде ја пробил заштитната ограда и се превртел во провалијата.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus