Порошенко повторно ќе се кандидира за претседател
Тој дојде на власт по проевропските протести во февруари 2014 година откако од претседателското столче се симна блискиот до Москва Виктор Јанукович.
Порошенко во својот досегашен мандат се залагаше за поблиска интеграција со Западот и отворено ја критикуваше Русија за Крим, како и за континуираната борба против сепаратистите поддржани од Москва во источниот регион.