Харадинај ги објави условите за укинување на таксата кон Србија
Косовскиот премиер порачува дека таксата ќе се укине веднаш штом се исполнат условите, а за што бара гаранции од САД и од Европската унија.
Како прв услов што се наведува во писмото, кое Харадинај го објави на својата страница на Фејсбук, се наведува одржувањето на меѓународна конференција, со цел постигнување сеопфатен и законски обврзувачки договор меѓу Косово и Србија.
Конференцијата треба да се иницира од САД и ЕУ, треба да трае не повеќе од 14 денови и да резултира со решавање на сите нерешени прашања меѓу двете држави.