Столтенберг: Се подготвува пристапниот Протокол за прием во НАТО
Според соопштението од министерството за надворешни работи во писмото од Столтенберг се истакнува дека во подготовка е Пристапниот Протокол кој е предвидено наскоро да биде потпишан од страна на постојаните претставници на земјите членки на НАТО, за што ќе следи и покана до МНР Никола Димитров за присуство на церемонијата на потпишувањето на Протоколот.
Со потпишувањето на Пристапниот Протокол, започнува следната фаза од пристапниот процес, по што следи ратификација на Протоколот во националните парламенти на земјите членки на Алијансата.