Досега 111 заболени од морбили
Меѓу хоспитализираните, како што се посочува, е 17-месечно бебе од скопското село Студеничани, кое не било вакцинирано, и 35-годишна наставничка од градинка „Весели цветови“ од Кисела Вода.
Инаку, на Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 26 пациенти со морбили, а од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 111 случаи со ова заболување.