Бубевски поднесе кривична против адвокатот Арслани за ланската закана
„Во тој предмет еден од обвинителите е оштетениот Гаврил Бубевски, и основано се очекува задоволување на правдата за стореното од страна на Ејуп Аљими, иако според негово поведение, истиот се однесува како недопирлив за правдата. Впрочем, од досегашното однесување на правосудниот систем не му е без основа таквото однесување, и затоа е целокупната омраза кон „нашата“, на која ѝ простиле заради таа припадност и на „каурот“, на кого треба да му плаче фамилијата. Од зборот „каур“, а во контекст на сето ова, јасно се влече заклучокот спрема кого се насочени заканите и поголема аргументација се чини е непотребна, “ се наведува во објаснувањето на пријавата.
Во образложението е наведено дека обвинителот бара и да се прибават листинзи од телефонските оператори со цел разјаснување дали адвокатот и неговиот клиент се заканувале или контактирале со дел од сведоците за кои во пријавата Бубевски тврди дека се плашат да сведочат.