На чекор до мировен договор во Авганистан
Според предлогот, Талибанците се согласиле да не дозволат територијата на Авганистан да се користи од страна на милитантни групи како што е Ал Каеда за спроведување на терористички напади. Тоа би можело да доведе до целосно повлекување на американските борбени сили, но само доколку за возврат Талибанците стартуваат разговори со авганистанската влада и спроведат траен прекин на огнот.
Талибанците се обврзаа на наше задоволство да сторат се што е неопходно за да се спречи Авганистан да стане платформа за меѓународни терористички групи или поединци, изјавил Калилзад за Њујорк Тајмс.