Тимошенко најави кандидатура на претседателските избори во Украина
Тимошенко ги изгуби изборите од Јанукович во 2010 година, а од сегашниот претседател Петро Порошенко во 2014 година.
Порошенко сè уште официјално не ја објави кандидатурата.
Зборувајќи на конгресот на својата партија во Киев, Тимошенко вети дека ќе ја врати контролата врз Кримскиот Полуостров, кој нелегално беше анектиран од Русија во март 2014 година, и врз побунетите области на истокот на земјата.