Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Весели и Харадинај на средба со американскиот амбасадор за укинување на таксата кон Србија

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели утре ќе биде домаќин на состанокот со премиерот Рамуш Харадинај и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Коснет, на кој ќе се разговара за американското барање упатено до косовската Влада за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.


Претставници на Владата одбиваат да се изјаснат во врска со средбата, додека висок претставник на Демократската партија на Косово (ДПК) на Весели за „Зери“ изјави дека се очекува средбата да резултира со „договор кој гарантира дека односите со САД нема да се загрозат“.


Од друга страна, опозициски пратеници тврдат дека таксата треба да остане во сила, но нагласуваат дека е потребно Владата да ја аргументира својата одлука пред меѓународната заедница. Сепак, според опозицијата, очекувано е Харадинај да го смени својот однос за таксата од 100 отсто, исто како што го смени односот за договорот за демаркацијата со Црна Гора, пишува приштинскиот весник.


Харадинај е упорен дека владината одлука ќе остане во сила сè додека Србија не го смени односот кон Косово и не ја признае неговата независност, меѓутоа сè повеќе расте и притисокот за укинување на таксата, како од надвор, така и од внатре.


Освен од САД и Европската унија, сè позачестени се барањата и од самите членови на Владата и од коалиционите партии, како и од претседателот на државата Хашим Тачи, кој очекува таксата веднаш да се укине за да можат да продолжат и да се финализираат преговорите со Србија за нормализација на односите меѓу двете земји.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus