Груевски ја повлекол тужбата за клевета против Заев
„Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести Судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8 јануари 2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување согласно член 318 од Законот за парнична постапка“, велат од Основниот суд Скопје 2.
Тужбата за клевета Груевски до Судот ја поднесе во 2014 година. Груевски бараше оштета од 500 илјади евра за клевета и навреда.