Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор

Специјалниот посредник на ОН во спорот за името, Метју Нимиц, ја повика Грција да го ратификува Договорот од Преспа, откако македонската страна ги исполни своите обврски.


Нимиц во пишаната изјава, што ја објави прес-службата на ОН, наведува дека владата во Скопје на 16 јануари формално ја известила владата во Атина и него како специјален пратеник дека е завршена постапката за промена на Уставот согласно со Договорот од Преспа, со што го исполни својот дел од обврските.


„По известувањето на поранешната југословенска Република Македонија дека се завршени постапките за усвојување на уставните амандмани и домашните правни процедури за стапување во сила на Договорот од Преспа, според неговите одредби, ратификацијата последователно продолжува во Република Грција. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот“, пишува Нимиц.


Тој додава дека ОН и тој како посредник и понатаму се посветени на процесот и на соработката со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив.


Според најавите од Атина, парламентот на Грција денеска треба да ја почне процедурата за ратификацијата на Преспанскиот договор. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, изјави дека очекува целата постапка да биде заокружена со гласање до крајот на неделава.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus