Косово од денеска има Министерство за одбрана
„Со симболичниот настан на откривањето на таблата со написот „Министерство за одбрана“ од денеска Косово го формализира својот институционален чадор за најмладата војска на светот“, порача Харадинај.
Рустем Бериша, кој од септември 2017 година беше министер за безбедносни сили, а од денеска е министер за одбрана, изјави дека „денешниот ден е посебен ден за Министерството, за безбедносните сили и за сите граѓани на Косово“.
Тој најави дека транзицијата на силите ќе се одвива постепено и дека се планира да се заврши во наредните 10 години.
Министерството за безбедносни сили прерасна во Министерство за одбрана минатиот месец, кога во косовското Собрание беа изгласани трите закони, со кои безбедносните сили практично се трансформира во војска на Косово.