Тројца пациенти со морбили хоспитализирани на Инфективна клиника
Од прогласувањето на епидемијата, досега, се вакцинирани 2.925 деца. Денеска до 13 часот вакцинирани се 181 дете, соопшти Министерството.
За време на викендот, вакциналните пунктови ќе работат од 7.30 до 13 часот. Од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7.30 до 19 часот.