Романо Проди ќе ја прими Светската награда за хуманизам за 2019
Наградата ја додели Охридската академија на хуманизмот, а ќе ја понесе за неговото визионерство и придонес во градењето на европската идеја.
Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери вчера одржа средба со Проди на која нагласи дека оваа награда му се дава на вистинскиот човек, имајќи на ум дека Проди беше дел од претседателството на Европската Унија во навистина критичните моменти за нашиот регион, и ова е крунисување на неговиот хуман придонес.
Проди, пак, истакна, дека Република Македонија треба повторно да биде ставена во првиот ред за пристапување во Европската Унија. – Процесот е веќе одамна почнат и сега само треба да се продолжи, вели Проди и нагласи дека ќе го искористи сиот свој капацитет во таа насока.
Романи Проди е тринаесетти добитник на ова признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги награди нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира.