Поранешен командант на ОВК отпатува за Хаг
Мустафа, познат како командант Реми, заедно со уште двајца соборци, од страна на Основниот суд во Приштина во 2013 година беше прогласен за виновен за воени злосторства врз косовски Албанци и осуден на четири години затвор.
Тој е првиот од вкупно 11 поранешни припадници на ОВК кои до сега, во својство на сведоци или обвинети, се повикани на распит во Хаг.
Другиот поранешен командант на ОВК, Сами Љуштаку, кој денеска, како и Мустафа, со редовна авио-линија отпатува за Холандија, изјави дека не знае дали е повикан во својство на сведок или на обвинет.
"Ќе бидам интервјуиран на 16 јануари. Не знам во кое својство. Ќе ми беше криво доколку не бев повикан", изјави Љуштаку.