Захариева: Македонија во НАТО и ЕУ е од национален интерес за Бугарија
Захариева рече дека „земјата нема да прави компромиси со условите, што треба да се почитуваат за да станеш дел од целиот преговарачки процес на ЕУ“, пренесе БГНЕС.
" Еден од условите во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не ја крадеш историјата на соседите и да не го негираш заедничкото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави тие услови", додаде бугарската министерка за надворешни работи.