САД ја поздравуваат одлуката на македонското Собрание
" Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името, што ќе овозможи Македонија со право да го заземе нејзиното место во НАТО и Европската унија како Република Северна Македонија", се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Помпео посочи дека, САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.