Помпео ја почна турнејата на Блискиот исток
Првата станица на Помпео е Јордан, по што ќе ги посети Египет и земјите од Заливот. Претходно на новинарите им изјави дека планира да разговара со сојузниците за "начините на притисок" врз Иран, кој Вашингтон го нарекува спонзор на тероризмот.
Како што јавуваат агенциите, Помпео најверојатно ќе се соочи со прашањето поврзано со напуштањето на американските сили на Сирија, каде што помагаат во борбата против милитантната исламска држава.