Груби: Никој не треба да го оспори евро-атланскиот процес
“Евентуалното оспорување или загрозување на овој процес од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Алијансата на Албанците во ниту еден случај не треба да го ставаат под прашање успешниот завршеток на еден волку голем и важен процес, не само за Македонија, туку и за Југоисточна Европа, затоа што за овој процес одговорност носиме сите”, рече Груби.
Како што соопштуваат од прес-службата на партијата, двајцата соговорници на средбата разговарале и за актуелната ситуација во Македонија, со посебен акцент на зачленувањето на земјата во НАТО.