Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Кнајсл - Тешко е да се убедат Хаг и Париз за проширување на ЕУ

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл денеска посочи дека, и покрај заморот од проширување присутен во Франција и Холандија, Југоисточна Европа не треба да биде оставена настрана во вакуумот.



Кнајсл, на прес-конференција на која ја сумираше надворешната политика на Австрија минатата година, изрази задоволство што во текот на австриското претседавање со ЕУ беа отворени нови поглавја во преговорите за пристапување на Србија и Црна Гора во Унијата.



Меѓутоа, таа истакна дека не е лесно да се добие поддршка во Хаг и Париз за европската перспектива на земјите од Југоисточна Европа, како што се Србија или Албанија.



„Нам тој регион географски и историски ни е поблизок, што не е случај со Холандија или Франција“, изјави Кнајсл.



Таа истакна дека е многу е тешко да се убедат Холанѓаните и Французите дека Југоисточна Европа е дел од Европа.



„Јас никогаш не зборувам за „земји од Западен Балкан“, бидејќи не ми се допаѓа тој термин, кој е вештачки поим. Покрај тоа, Балканот се сфаќа негативно, освен ако не станува збор за храна. Терминот политички има негативна конотација. Доследно говорам за Југоисточна Европа и за мене Музејот за современа уметност во Белград е дел од Европа, за мене Филхармонијата во Сараево е дел од Европа. Се чувствувам можеби поповрзана, врз основа на географската локација, на тој регион отколку некој, на пример, во Белфаст“, нагласи Кнајсл.



Таа додаде дека нејзиното „европско политичко срце“ јасно кажува дека Југоисточна Европа не може да се остави настрана во вакуум, но, во исто време, разбира дека во Холандија или Франција постојат различни видувања.



Таа нагласи дека Европа треба да се сфати како културен простор и врз основа на тоа да се дејствува.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus