Могерини повторно побара укинување на косовските царини
"Постигнувањето на комплетен и правно обврзувачки договор за целосна нормализација на односите во контекст на дијалогот помеѓу Белград и Приштина бара клима која придонесува за добрососедски односи, во кои минатите договори се почитуваат и применуваат, а акциите и изјавите кои не се компатибилни со општиот интерес и стратешките цели на регионот се избегнуваат“, посочи Могерини по средбата.
Србија инсистира дека додека не се укинат овие царини дијалогот помеѓу двете страни не може да продолжи. Со овој дијалог посредува Федерика Могерини во име на Европската унија. Последната рунда во ноември во Брисел заврши без никаков напредок.