Се урна импровизиран рудник во Авганистан, околу 30 загинати
Окружниот гувернер Мохамад Рустам за АФП изјави дека локалните жители со багер барале злато во близина на локалната река, кога импровизираниот рудник се урнал.
„Селаните со децении се вклучени во ваквиот бизнис, без никаква владина контрола врз нивната работа“, изјави портпаролот на окружниот гувернер Ник Мохамад Назари.
Во времето на несреќата на местото имало најмалку 50 луѓе, а две спасувачки екипи биле испратени да помогнат.