Расте бројот на британски граѓани кои бараат ирски пасош поради Брегзитот
Речиси 100.000 Британци посакале да го задржат своето европско државјанство со добивање на пасош од својот најблизок сосед оваа година, додека минатата година тој број достигна 81.000. Околу 45.000 апликации за ирско државјанство биле поднесени во 2015 година, една година пред референдумот за Брегзит, по што барањата драстично се зголемиле.