Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Новогодишни честитки на Заев и Мицкоски

Премиерот Зоран Заев во новогодишно обраќање до граѓаните вели дека 2018 година е една од најважните и најчувствителните години за Македонија, година на интеграциите. Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, посакувајќи им успех на граѓаните во 2019 година, вели дека во годината што измина памети црно и мачно време. 


Заев порача дека Македонија ја градат да биде богата и современа држава, во која сите граѓани и нивните семејства ќе имаат пристоен живот и благосостојба 


„Да ги направиме реалност нашите желби и цели – мирна и стабилна земја, во сојузништво и со членство во НАТО и ЕУ, глобална и праведна Македонија со економија која функционира за секого“, вели Заев. 


Од друга страна Мицкоски обвинувајќи ја власта предводена од СДСМ вели дека нема подобар живот, дека економијата не расте, нема инвестиции, а според него здравството и образованието се пред колапс.


„Наместо тоа, афери, скандали, руинирано и клекнато судство, притисоци. Сакаат да станеме апатични поради колективната несреќа која ја донесоа. Да се навикнеме на тешкиот живот, да ја нарушат самодовербата, да го скршат карактерот, за да може полесно се да им минува. Очигледно не си ги познаваат граѓаните доволно, ги потценуваат“, вели Мицкоски додавајќи:


„Кога ми беше најтешко во годината што помина? Кога го менуваа името, посегнаа по идентитетот. Длабока рана оставија“, вели Мицкоски. 


Заев вели дека преку изградба на пријателство со Грција, одговорно затвориле спор што Македонија ја влечел надолу 27 години. 


„Избравме иднина, наместо неизвесна изолација. Денес, нашата држава е на чекор да стане 30-та членка на најмоќната алијанса во светот, НАТО. Се подготвуваме за почеток на преговорите со Европската унија, процес со кој градиме држава по европски стандарди и со што стануваме рамноправни со граѓаните од Европската унија“, вели Заев. 


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus