Лидерот на Северна Кореја повика на повеќе разговори со Југот
Во писмото Ким исто така изразува жалење оти не можел да направи планирана посета во главниот град на Јужна Кореја, бидејќи Сеул се надевал дека тоа ќе се случи до крајот на оваа година.
Содржината на писмото беше објавена денес од канцеларијата на Мун.
Ким и Мун оваа година се сретнаа три пати, откако Пјонгјанг ја зголеми својата дипломатија по серијата нуклеарни ракетни тестови кои беа осудени од Сеул и Западот.
Ким исто така одржа историски самит со претседателот на САД Доналд Трамп во јуни, но нуклеарните разговори по самитот брзо влегоа во ќор-сокак, бидејќи Северна Кореја бараше отстранување на санкциите на САД пред да започне денуклеаризација.