Косово и Албанија спроведуваат Договор за интегрирано управување со границите
„Тоа што некогаш било граничен премин на Косово, тоа веќе не постои. Повеќе нема да бидат две, туку само една контрола. Ова ќе биде премин кој нас не спојува“, изјави Харадинај на преминот.
Целта на договорот е да се забрза контролата на границата и да се олесни движењето на граѓаните и стоките.