Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Изгласани измените на Кривичниот законик

Пратениците попладнево со 63 гласа „за“ и еден воздржан ги изгласаа измените на Кривичниот законик. Гласањето помина без дебата, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала кога таа точка дојде на дневен ред.


Опозиционерите и претходно најавија дека нема да учествуваат во дебатата за измените на Кривичниот законик. Со интервенцијата во членот 275-в, кој се однесува за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство, се отвора можноста осудениот за Труст, Василије Авировиќ, кој е син на пратеничката Владанка Авировиќ, да добие условна казна, наместо досудената од три години затвор. Измените во овој член може да влијаат и на намалување на казната на бизнисменот Сеад Кочан, кој во јули годинава беше осуден на шест години затвор за случајот.


Од СДСМ попладнево реагираа преку соопштение наведувајќи дека измените во Кривичниот законик се во согласност со Стратегијата за реформи во правосудството и нема да влијаат на застарување на предметите пред судовите. Од таму тврдат и дека овие измени биле усогласени со верзијата што ја предложи и Владата согласно Планот 18 и Стратегијата за реформи во правосудството.


“Исто така, во рамките на политиката на генералното намалување на санкциите, е предложена и измената на висината на казната за кривичното дело од членот 275-в од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство. Оваа измена нема да влијае на никаков начин на застарување на кој било предмет отворен од Специјалното јавно обвинителство пред надлежните судови”, тврдат од владејачката партија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus