Илиевски, Дамовски и Јовановски добија амнестија
“Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Б.И., В.Ј. и Б.Д. опфатени во предметот со КОК бр. 40/18. Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење советот донесе решенија со кои истите се одбиваат како неосновани”, наведуваат од судот.
Од таму додаваат и дека сите останати барања, во одделот Кривично полнолетни, се во фаза на одлучување и во законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија.