Почина најстариот Американец
Овертон бил во своите 30-ти години кога доброволно се пријавил во војска и се нашол во Перл Харбор непосредно по јапонскиот напад во 1941 година. Служел во 1887 баталјон на воздухопловното инженерство, кој бил составен исклучиво од црнци. Овертон својата долговечност им ја припишуваше на томпусите и на вискито.
Поранешниот американски претседател Барак Обама во 2013 година му оддаде признание на Овертон на церемонијата по повод Денот на ветераните.
„Беше на Перл Харбор додека бродовите уште чаделе. Беше на Окинава. Беше на Иво Џима, од каде се извлекол, како што вели, со божја милост“, рече тогаш Обама.