Руските власти соопштија дека ја завршиле изградбата на оградата која го дели Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектира во 2014 година, од остатокот од Украина. Властите денеска информираат дека изградбата на „инженерските и технички комплекси“, како што ја викаат оградата, е завршена. Граничниот директорат на Федералната служба за безбедност соопшти дека 60-километарската бариера е опремена со сензори и камери.
Целта на оградата, која почна да се гради во 2015 година, е „да се спречат саботерски активности“ и „обидите на криминални групи да шверцуваат оружје, муниција, тутун, алкохол, бензин, дроги“ и други стоки.