Се укинуваат двојните контроли на границата меѓу Албанија и Косовo
„Важни промени во управувањето на границата со Косово. Се отстрануваат двојните контроли. Полицијата на двете земји заеднички ќе ги извршува контролите по принципот едно запирање, една контрола“, напиша Леши повикувајќи се на одлуката на Советот на министрите.
Тој вели дека Владата на Албанија вчера ја усвоила одлуката за оваа промена, која ќе го олесни слободното движење меѓу Албанија и Косово, додавајќи дека тоа не е последната промена што ќе се случи.