ВМРО-ДПМНЕ: Со измените на Кривичниот законик се урива правната држава
„Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава. Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена“, рече Мицевски.
Собранието ја усвои потребата од донесување на измени на Кривичниот законик по скратена постапка. Предлагачи на измените се неколку пратеници од владејачкото мнозинство. Но од дневен ред беше тргнат членот 353 од Законот, според кој се обвинети или осомничени десетици луѓе во предметите на СЈО.Според овој член се осомничени и пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, поранешните министриГордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски, потоа Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ...
Со измена пак на друг член, кој исто така е на дневен ред, се отвора можноста осудениот за Труст, Василије Авировиќ, кој е син на пратеничката Владанка Авировиќ, да добие условна казна, наместо досудената од три години затвор. Пратеничката Авировиќ гласаше за отворање на уставните измени. Овој член ќе влијае и на казната на бизнисменот Сеад Кочан.