Франција ја прекина истрагата за смртта на претседателот на Руанда од 1994 година
Во соборувањето на авионот во 1994 година загина тогашниот претседател на Руанда, Жувенал Хабјаримена, припадник на народот Хуту. Екстремистите од Хуту за неговата смрт го обвинија малцинскиот народ Тутси и во етничките насилства во наредниот период убија околу 800 илјади луѓе.
Причините за несреќата беа спорни, зашто екипажот на авионот беше француски, па Руанда долго време ја обвинуваше Франција за соучесништво во геноцидот, што Париз го негира.