Пропадна седницата на косовското Собрание за дијалогот со Белград
„Сметаме дека ова е голема неодговорност, бидејќи владејачката коалиција не дозволува нормална работа на Парламентот и на тој начин го спречува развојот на демократијата и изнесувањето мислење на опозициските пратеници“, изјави Хоти.
Координаторот на пратеничката група на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Глаук Коњуфца оцени дека отсуството на пратениците од власта на седницата укажува на владината стратегија за улогата на Парламентот. Тој нагласи дека опозицијата барала на денешната собраниска седница да се разгледа владиниот документ од околу 30 страни, што му беше доставен на Собранието како сеопфатно решение во дијалогот со Белград. Коњуфца оцени дека владиниот предлог има многу недостатоци, како процедурални, така и материјални, истакнувајќи дека опозицијата е заинтересирана за отворање расправа за ова прашање пред премиерот и министрите.