Јапонија денеска ја соопшти одлуката за повлекување од Меѓународната комисија за лов на китови. Портпаролот на јапонската влада изјави дека неговата земја планира „повторно да почне со лов на китови во комерцијални цели во јули“ наредната година. Јапонската влада во септември најави повлекување од Комисијата. Се очекува таа одлука да наиде на бројни критики од странските влади и од организациите за заштита на животни. Норвешка и Исланд сега се единствените држави кои ловат китови во комерцијални цели, сметајќи дека има доволно китови во морињата.