Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за министерот Оливер Спасовски

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, најави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција. Тој рече дека во изминатиот период министерот Спасовски покажал дека функцијата министер за внатрешни работи ја извршува крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока на врвот на неговата политичка партија, а спротивно на Уставот и законите во Република Македонија.


„Граѓаните секојдневно се сведоци на скандали и афери поврзани со работата на МВР. Наместо да се грижи за јавниот ред и мир и да ја гарантира безбедноста на граѓаните, главна задача на министерството стана прикривањето на убиства и криминал. МВР наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана институција која служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот. Откако Спасовски започна да раководи со министерството граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, обиди за убиства, убиства, рекетирања и насилства кои минуваат неказнето“, изјави Мицевски.


Дека МВР не си ја врши работата, Мицевски се повика и на истражувањето на Евробарометар објавено на 12-ти септември, според кое доверба во полицијата имаат само 34 проценти од граѓаните, како и извештајот за перцепција за корупцијата на „Транспаренси“ каде Македонија бележи катастрофален пад од 17 места, од 90 на 107 место.


„Ова е резултатот од катастрофалното раководење на министерот Спасовски со една од најважните институции во Република Македонија. За ваквата ситуација Оливер Спасовски мора да понесе одговорот. Со цел да ги заштитиме граѓаните, но и да спречиме состојбата во МВР да се влоши ја поднесуваме оваа интерпелација за работата на министерот Оливер Спасовски“, изјави Мицевски.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus