Лидерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија на средба во Белград
Домаќинот на средбата, српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференцијата со премиерите на Бугарија, Бојко Борисов, на Грција, Алексис Ципрас и на Романија, Виорика Данчила најави дека наскоро ќе биде завршен западниот и источниот крак на Коридорот 10 од Србија кон Македонија и Грција.
Грчкиот премиер Ципрас истакна дека е договорено на најдобар начин да се искористат европските фондови и влоожувањата на САД и Кина во регионот за инфраструктурното поврзување.
Романската премиерка Данчила потсети дека Романија во јануари го презема шестмесечното претседавање со ЕУ, при што земјата сака да стави посебен фокус на Западен Балкан. Според неа, Романија го поддржува процесот на проширување на ЕУ и тоа ќе биде приоритет на агендата и клучна област за време на нејзиното претседавање.