Работата на американската влада делумно блокирана
Демократите се противат на изградбата на ѕидот и порачаа дека нема да ги обезбедат потребните гласови на буџет кој предвидува такви трошоци. Се проценува дека околу 800 илјади вработени во администрацијата или ќе бидат привремено ослободени од работа или ќе бидат принудени да работат без да бидат платени.