Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Вучиќ-Ципрас - Можна трилатерална средба меѓу Грција, Србија и Македонија

Македонија и Преспанскиот договор биле една од темите на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и грчкиот премиер Алексис Ципрас, во рамки на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција.


„Преспанскиот договор да се спроведе во дело и Северна Македонија да стане мост на соработка меѓу Србија и Грција. Сакаме да укажеме дека патот кој го отвори Преспанскиот договор е пат што Србија го поздравува и поддржува“, рече српскиот претседател на заедничката прес-конференција.


Тој нагласи дека еден од проблемите во поглед на инфраструктурното поврзување меѓу Србија и Грција е железничкиот сообраќај, односно брзите возови, за што уверен е дека заедно со Скопје и со Атина успешно ќе се реши.


„Доколку сè се заврши како што денеска договоривме и како што се очекува во врска со спроведувањето на Преспанскиот договор, во наредниот период би можеле да одржиме трилатерална средба меѓу Атина, Скопје и Белград, што ќе има големо значење за нашите земји“, изјави Вучиќ.


Грчкиот премиер ги поддржа напорите на Србија за компромисно решение за Косово, оценувајќи дека Грција игра улога на стабилизатор во регионот, што е потврдено со Преспанскиот договор. „Нема да претерам дека БЈРМ 30 години преставуваше сива зона меѓу Србија и Грција. По Преспанскиот договор таа повеќе нема да биде ѕид меѓу нас, туку мост за поврзување“, изјави Ципрас.


Тој, најави можност за нов договор меѓу Србија, Грција и Македонија, по ратификацијата на Преспанскиот договор.


„Првиот меѓународен договор кој Грција ќе го склучи со Северна Македонија, ќе биде трилатерален договор меѓу Атина, Скопје и Белград, со кој забрзано би се изградил еден железнички коридор, за поврзување на Солун, Скопје и Белград со Будимпешта“, истакна Ципрас, оценувајќи дека ова ќе има позитивни влијанија врз развојот на туризмот, економијата, културата во регионот.


На денешната средба покрај инфраструктурното поврзување, двајцата лидери разговараа за енергетиката, стабилноста во регионот и поддршката на европскиот пат на Србија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus