Коѕијас добивал закани по телефон
Од партијата соопштија дека тоа се случило само неколку часа по неговиот предлог за контрола на тајните фондови на сите министерства, како што е Министерството за одбрана, за внатрешни работи, а особено Националната разузнавачка служба.
Со став за заканувачкиот повик до поранешниот шеф на грчката дипломатија излезе и Алексис Ципрас, кој на својот официјален Твитер профил напиша дека заканите се уште еден доказ за тоа каде води слепиот национализам и негувањето на омразата.
Поранешниот министер за надворешни работи на Грција и лидер на движењето „Прато“ и во минатото беше мета на закани како по неговиот, така и по животите на членовите на неговото семејство. Освен заканувачките писма и повици, Никос Коѕијас добил и куршуми и земја со крв.