Турски воени авиони го нарушија грчкиот воздушен простор
Коментарите во Грција се дека турските воени авиони се одговор на изјавата на Каменос дека „оној кој нема да ги почитува националниот суверенитет и територијален интегритет на Грција, ќе се урне“, јави дописничката на МИА од Атина.
Каменос денеска преку неговиот официјален Твитер профил, упати порака дека Грција успешно се справува со турските авиони. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за Првата програма на Грчкото државно радио, во однос на прелетувањата на турските воени авиони, рече дека „провокативните постапки од другата земја не се пример за моќ, туку се пример за изолација, односно знак на слабост“.