Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Филипче: Ќе се проверуваат вакциналните картони

Епидемијата на мали сипаници (морбили) во населбата Радишани од кои се заразени пет деца и еден 30-годишник е трета годинава после онаа во Дебар кога заболеа 20 лица и општината Сарај каде беа заболени три лица. Ова е знак на губење на колективниот имунитет како резултат на сериозно опаднатиот опфат со вакцини, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.


Посочи дека на територијата на целата држава во вакциналните пунктови ќе се направи проверка на картоните и врз основа на резултатите ќе биде спроведена вакцинација на децата од една до 13 години. Тој рече дека заразените деца се хоспитализирани, се во стабилна здравствена состојба и нема компликации во нивното лекување.


Нагласи дека формирале работна група од епидемиолози, педијатри, претставници на министерствата за труд и социјална политика и за образование со цел да ја зајакнат регулативата во однос на спроведувањето контрола на тоа кои деца при уписот во градинка, основно училишта и на факултет се проверуваат во однос на нивниот вакцинален статус и како се спроведуваат мерките кои се однесуваат на казнените одредби за родителите чии деца не се вакцинирани заради тоа што ја одбиваат вакцинацијата.


Доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на Република Македонија рече дека вакцината е безбедна, сигурна и единствена заштита од малите сипаници кои се сериозно заболување и можни се компликации.


“Еднo од 20 деца може да добие пневмонија, а едно од илјада деца може да добие воспаление на мозокот кое може да заврши и со смртен случај. Во Македонија беше регистриран еден смртен случај во 2011 година од епидемија на мали сипаници. Детето може да биде заразено три дена пред да се појават првите симптоми”, рече Микиќ и додаде дека очекуваат од проверката на 100.000 вакцинални картони да најдат 10 до 15 отсто невакцинирани.


Здравствените власти информираат и дека едно заразено лице може да зарази дваесеттина други и дека можно е 136 луѓе да се заразени со мали сипаници. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus