Маслов - Русија не е против новото име на Македонија, но не е за членство во НАТО
„Ако Атина и Скопје постигнат договор за името и ако тоа биде официјално прифатено во Уставот на Република Македонија, тогаш ние ќе го признаеме тоа“, вели Маслов, прашан дали е можно Москва да стави вето на договорот во Советот за безбедност на ОН.
Го повторил ставот на Русија дека е против членството на Македонија во Алијансата и ако тоа се случи, Москва ќе биде принудена да преземе контрамерки.
Рускиот амбасадор наведува и дека Договорот од Преспа нема да влијае на односите меѓу Русија и Грција. Релациите меѓу Атина и Москва, според Маслов, се нормализираат по дипломатските инциденти од летото кога Грција протера двајца руски дипломати, а на други двајца им забрани да влезат на нејзина територија поради наводи за руско мешање во разговорите за прашањето за името.