Пратеникот Љубен Арнаудов бара 50 евра за изјава за медиумите
Обвинетиот Горан Ѓошевски - Леви, пак, рече дека сè уште не го видел Законот за амнестија, дека има различни толкувања од медиумите и дека ќе треба да се консултира со неговиот бранител за тоа дали ќе побара амнестија.
Останатите обвинети не сакаа да одговараат на новинарските прашања и тивко влегоа во судот.
Собранието завчера, по скратена постапка, со 95 гласа „за“, и без против и воздржани, го донесе Законот за амнестија за насилствата на 27 април минатата година. Согласно законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Секој од обвинетите ќе треба сам да побара помилување, а судот и обвинителството ќе одлучат дали амнестијата го опфаќа и него.