Високи свештени лица од Украинската православна црква денеска оддржуваат историски совет во обид да формираат нова украинска црква и да изберат лидер со што би постигнале независност од руското туторство. Состанокот во украинскиот главен град Киев може да биде важен чекор во обидите на Украина кои траат со години за независност од црковна Москва. На него би можело да се овозможи да се спроведе историската одлука на Синодот на екуменскиот патријарх во Цариград кој во октомври одлучи да поведе процес за доделување на автокефалност на Украинската православна црква. Украинската црква со векови е дел од Руската православна црква.