Жбогар загрижен од информациите за притисоци врз пратеници
“Сериозно сум загрижен поради информациите за постојани притисоци врз нив и нивните фамилии” напиша Жбогар.
Во друг пост на Твитер тој пишува дека сите пратеници треба да имаат слобода да го извршуваат својот мандат во согласност со сопствените убедувања.
“Од сите политичари и други актери очекуваме дека ќе го почитуваат ова уставно право, како во однос на работата, така и во однос на приватниот живот”, пишува Жбогар.