Заев: Дуел со Мицкоски во секое време, но прво да каже дали го поддржува Преспанскиот договор
Мицкоски, пак, преку Фајсбук му одговори дека само бара изговори и банални оправдувања.
„Велите да сум ја кажел алтернативата, ќе ви ја кажам, тоа е вие да си заминете од власт, веднаш и што побрзо, затоа што со Вас Македонија тоне во црнила и драматично губи, имаме држава пред економски банкрот, за сè останато ќе чуете на дебатата која се надевам дека ќе ја прифатите“, напиша Мицкоски на Фејсбук.