Венецијанската комисија дала позитивно мислење за измените во Законот за судовите во Македонија
„Венецијанската комисија истакна дека најголемиот број од мислењата дадени во претходни години се сега имплементирани во законот кој влезе во собраниска процедура. Целта на овие измени на законите е усогласување со европските стандарди. Како клучни измени во делот на Законот за судови, се измените коишто се однесуваат на основите за утврдување дисциплинска одговорност кај судиите. Постојат повеќе придобивки од измените на Законот за судови: нови и заострени критериуми за избор на судија, се врши редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорност на судиите“, се наведува во соопштението на македонското Министерство за правда.