Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска. Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека, иако таа поддржува трансформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто. Поради оваа одлука, НАТО ќе го „преразгледа“ степенот на „ангажман“ со косовските безбедносни служби.
Албанија и САД го поздравија формирањето војска на Косово.
Србија реагираше дека тоа значи закана за безбедноста на Балканот, а косовските Срби дека формирањето војска значи дека Приштина не сака мир.
Германија повика на воздржаност од Косово и од Србија и соопшти дека оваа одлука не смее да биде искористена за ескалација на насилствата.